|
|
ЕКОСОЛАР ДООЕЛ –
Штип е водечки производител во Северна
Македонија на воздушни сончеви
колектори и сушари
за плодови и тестенини. Со повеќе од 30 години искуство во
развој, производство и примена на соларни технологии, нудиме системи за
соларно греење на воздух, сушење
на овошје и зеленчук, вентилација на простории и индустриски објекти.
Со нашите решенија, домаќинствата, земјоделството и индустријата можат
да постигнат значително
намалување на трошоците за енергија, користејќи чиста и
обновлива сончева енергија.
Нашите системи се
иновативни и дигитализирани,
со Wi-Fi мониторинг за следење
на квалитетот на воздухот и анализа на податоците. Ова
овозможува континуирана оптимизација на процесите на сушење, греење и
вентилација, со максимална енергетска ефикасност. Сите производи се
изработуваат според европските стандарди за квалитет и безбедност, со
CE сертификат и ISO 9001,
што гарантира сигурност и доверливост.
ЕКОСОЛАР е со
седиште во Штип, Северна
Македонија, и постојано работи на развој на
иновативни и енергетски
ефикасни соларни системи, кои придонесуваат за
одржлива енергија, намалување
на трошоците и заштита на животната средина. Нашата мисија е да
обезбедиме висококвалитетни
воздушни сончеви колектори и соларни сушари кои ја комбинираат
технологијата, дигитализацијата и енергетската ефикасност, со цел да ги
задоволат потребите на модерните корисници.
|