Воздушните сончеви колектори ја претвораат сончевата енергија во топол воздух. Овие колектори се користат за загревање простории и индустриски процеси, сушење земјоделски производи, нудејќи енергетска ефикасност и одржливост.

На скицата од десно се гледа воздушниот сончев систем, кој е поставен фасадно, долу близу до подлогата (финдаментот). Пред да влезе воздухот во колекторот, тој се филтрира. Со жолта боја е означен HEPA филтерот.

Потоа, загреаниот и филтриран воздух се внесува во објектот со помош на вентилатори и воздуховод. Работата на вентилаторите ја контролира PLC микропроцесор. Тој може да се програмира согласно со можностите на воздушниот сончев систем и потребите на клиентот.

Горе на кровот се гледа поставен фотонапонски сончев систем за производство на ел.енергија, Ако овој фотонапонски систем го нема, воздушниот систем ќе работи и без него. Потребна ќе биде ел.енергија само за вентилаторите и PLC контролната единица, која може да се земе од мрежата на ЕСМ EVN. Вентилаторите трошат ел.енергија многу малку (околу 120 W). Тоа е како да имате вклучено 2 сијалици по 60W

Целиот процес може да се следи преку Wi-Fi  (температура, релативна влажност, CO2, CO, PM 2,5; PM10 и др)

 

 

 

 

  Стандардни воздушни колектори (за индустрија или поголеми објекти)

Површина (м2)

димензии (m)

Тежина (кг)

Максимална излезна температура на  воздух (C˚)

Препорачано за загревање на површина (зависи од енергетски потреби на објектот, темичка изолација, ориентација на просторијата и др.)    
                 
1 Standard 2/25       ( Серија 2025 год)  

1 × 2 × 0,12

2 m2

23

40-50

20 ÷ 40 m2  *

   
2 Standard 2/26        ( Серија 2026)

1 × 2 × 0,14

2 m2

24

40-50

22 ÷ 44 m2  *

   
3 Standard 2,5 m2

1,25 × 2 × 0,12

2.5 m2

29

42-52

25 ÷ 50 m2 *

   
                 
 

 Воздуш. колектори  за индивидуални куќи и помали простории)

             
4 ULTRA  1          

1 m2

1 × 1 × 0,077 10 35-45

15 ÷ 25 m2  *

   
5 ULTRA  1,5       

1.5 m2

1×1.5 × 0,077 15 35-45

18 ÷ 30 m2  *

   
  ULTRA  2          

2 m2

1 × 2 × 0,077

20 35-45

20 ÷ 40 m2  *

   

 

 

* Зависи од енергетски потреби на објектот, темичка изолација, ориентација на просторијата и др.

 

 

Воздушен сончев колектор Standard 2 (големина 2м2)  

Воздушен сончев колектор Standard 2 (големина 2м2)

     
 

Воздушен сончев колектор Ultra 1 (големина 1м2) double pass  

Воздушен сончев колектор Ultra 1 (големина 1м2) double pass

 

 

 



tel. office  ++389-32-606983, mob.tel. +38975462473,   e-mail  z.trajkov@gmail.com,  Copyright © 2025 year   All rights reserved             founded 1995 y. 31 year experience   Производителот го задржува правото на промени без претходна најава  

Техничките податоци за воздушните сончеви системи се информативни и добиени во контролирани услови. Реалните перформанси зависат од сончевото зрачење, условите на инсталација и користење и може да отстапуваат. Сликите се илустративни.