|
Воздушните сончеви колектори претставуваат
ефикасен и еколошки начин за директно загревање на простории со користење на
сончевата енергија. Колекторот го апсорбира сончевото зрачење, го загрева
воздухот во внатрешноста и со помош на вентилатор го внесува топлиот воздух во
просторот.
Целокупниот процес е
автоматски контролиран преку интелигентен контролер кој ја следи температурата и
по потреба го активира или исклучува системот, обезбедувајќи оптимална работа и
заштеда на енергија.
Овој систем овозможува намалување на трошоците за електрична
енергија и други горива, а истовремено обезбедува постојана вентилација со свеж
и сув воздух. Воздушните сончеви колектори се особено погодни за домови,
работилници, магациини и земјоделски објекти каде е потребно економично и
одржливо грење.
|