Аерозагадувањето во
Северна
Македонија
и Балканот е
многу големо.
Најголем проблем е греењето со дрва или фосилни горива. Нудиме практично и едностано решение со
воздушни сончеви колектори.
Тој го загрева воздухот со сончева енергија
и помага во догревање на простор. Ова догревање најчесто ќе се користи во есен,
зима или пролет. Овој процес служи како дополнување
на постоечкиот систем за греење. Во лето, преку иновативниот производ се одвива
обратен процес- ладење на просториите во раните утрински часови.
Резултат:Сметките за греење и ладење ќе бидат помали. Релативната
влажност во купатила, спортски сали и базенти ќе се намали, а со тоа и појавата
на мувла.
Воздушните соларни системи идеално
одговараат за:
■ Снабдување
со топол и свеж воздух на индивидуални простории за живеење,
проширување или поткровје
.
■ Сушници на овошје и зеленчук
(сушари)
■ Подруми, гаражи,
викедници, планинарски домови
■ За догревање на поголеми објекти ( спортски објекти,
деловни објекти,
општински згради,
институции ..)
Најчесто поставувани прашања:
1. Што е воздушен сончев колектор?
Тоа е уред кој ја собира сончевата енергија и ја претвора во топлина преку
загревање на воздух, кој потоа се користи за сушење или греење.
2. Како функционира?
Сончевата енергија влегува низ транспарентен капак (обично стакло или
поликарбонат), загрева апсорберска површина, а воздухот кој поминува низ или
под неа ја презема топлината и потоа се насочува кон просторот или системот
што се загрева.
3. Кои се главните типови на
воздушни сончеви колектори?
Колектори со
праволиниски проток на воздух
Колектори со
двосмерен проток на воздух
4. Колку простор ми
треба за инсталација?
Зависи од капацитетот и потребната енергија. За сушара, обично се
поставуваат на
подлога пред ѕид на сушарата, на самата фасада од објектот
или на покривот.
5. Може ли да
работат и во зима?
Да, ако има сонце – работат и на ниски температури. Но, ефикасноста е
намалена бидејќи помал е денот во зима.
6. Може ли да се
комбинираат со електричен систем?
Да. Често се комбинираат со електрични или други извори на енергија за
континуирано загревање кога нема сонце.
7. Колку чини еден
ваков систем?
Цената зависи од големината и вградените материјали. Само сончевиот воздушен
колектор од 2м2 е околу
270 евра (+ 5% ддв за термални колектори). Најмал систем со вентилатори ,
контолер и воздуховод е без монтажа е околу
790 evra
8. Колку е
трајноста на воздушен колектор?
Со соодветно одржување – над 15 години. Провидниот Лексан (поликарбонат),
има 10 год. гаранција од UV зрачење. Отпорен е на
удари од град.
9. Потребно ли е
редовно одржување?
Минимално: Чистење на
прашина/нечистотии од транспарентната површина и проверка на вентилатори.
10. За што можат да
се користат?
Сушење овошје,
зеленчук, печурки, дрво
Греење на
простории (гаражи, работилници)
Претзагревање на
воздух за индустриски потреби
11. Колкава е
ефикасноста во проценти?
Во просек од 50% до 80%, зависно од дизајнот, материјалите и сончевите
услови.
Техничките податоци за воздушните сончеви
системи се информативни и добиени во контролирани услови. Реалните перформанси
зависат од сончевото зрачење, условите на инсталација и користење и може да
отстапуваат. Сликите се илустративни.